Жолтицата кај бебињата не е ретка појава, па многу мајки додека се во болница чекаат да видат дали навреме ќе си одат дома или бебето ќе добие жолтица и ќе мора да го продолжат престојот за уште некој ден. Тоа е физиолошка жолтица, а првиот јасен знак е пожолтената кожа околу очите. Тоа се случува затоа што новороденчето има премногу билирубин во крвта. Повеќето од овие жолтици поминуваат сами од себе, додека на некои им е потребен третман за намалување на билирубинот.

Кои се знаците и симптомите на жолтица?

Бебе со жолтица има кожа која изгледа жолта. Започнува на лицето, потоа на градите и стомакот, а потоа се движи кон нозете. Жолта нијанса може да се забележи и во очите на бебето. Бебињата со многу високи нивоа на билирубин може да бидат поспани, нервозни, немирни или да имаат проблеми со хранењето.

Не е толку лесно да се забележи жолтицата, но ако не сте сигурни, нежно притиснете го носот или челото на бебето, па ако е жолтица, кожата ќе пожолти кога ќе го кренете прстот.

Јавете се на лекар ако вашето бебе:

-Почнува да изгледа како да му студи
-Не се храни добро
-Поспано е, за разлика од вообичаено
-Има влошување на жолтицата.

Како се лекува жолтицата?

Третманот зависи од причината, нивото на билирубин и возраста на бебето. Благата жолтица исчезнува по една до две недели бидејќи телото на бебето само се ослободува од билирубинот. Мајките што ги дојат своите деца треба да го прават тоа почесто, а доколку е потребно, лекарот ќе предложи дополнување со вештачко млеко. За тешки случаи на жолтица, третманот треба да започне што е можно поскоро. Бебињата можат да добијат:

-Течност
-Фототерапија
-Трансфузија на крв
-Имуноглобин интравенски

Автор: Радмила Илиќ

Извор



912

X