Кога 5-годишниот Константин посакал да стане поголем брат, не очекувал дека всушност ќе добие 4 браќа: Матео, Марко, Лука и Јован – и тоа одеднаш!
Милана спонтано забременила и на свет донела четворка. Нејзината бременост е феномен, еден на половина милион случаи.
Како изгледа нормалното хранење, спиење, шетање? Како воопшто ги препознаваат? Секојдневно користат и до 30 пелени, автомобилот го заменија со комбе, а имаат и „баба-услуга“ бидејќи секогаш добро им доаѓа помош.
Раѓањето на четирите момчиња Матеј, Марко, Лука и Јован пред осум месеци беше ударна вест на сите медиуми во регионот. Денес нивниот џагор ја исполнува цела куќа. За роднините и гостите, се користат белегзии во различни бои за полесно распознавање на момчињата. Постариот брат Константин вели дека нема шанси се збуни. И од почетокот има омилен помлад брат – Лука. Тој сериозно ја сфати својата улога и е добар и внимателен кон нив сѐ додека е јасно кој е главен.
– Му ја кажавме вистината – дека ќе има четири браќа, дека четири бебиња ќе дојдат со мама од болница. Мислам дека тој не беше свесен додека не дојдовме дома – се сеќава Милана. Плановите што ги имаа беа сосема различни. Константин веќе имал 4,5 години и мислеле дека е вистинско време тој да добие брат или сестра. Но, веќе на првиот преглед добиле вест што не ја очекувале. Ултразвукот покажал дека Милана носи близнаци, колку што знаат, први во семејството.
На почеток докторот ѝ рекол дека носи тројка, па Милана вели дека морала да се навикне на фактот дека носи три бебиња и ќе мора да роди три бебиња. Но, нејзиниот доктор видел уште едно бебе, па побарал второ мислење. Откако било констатирано дека станува збор за четворка, нејзината бременост се третираше како ризична.
За докторите било доста чудно бидејќи четворката била зачната природно. Милана била во болница месец и половина пред породувањето, а потоа, три дена пред планираниот царски рез, во 31. недела од бременоста, почнала спонтано да се породува. Четирите бебиња заедно тежеле нешто повеќе од 5 килограми.
Матеј, Лука и Марко се еднојајчени тројки, а Јован е нивниот брат близнак.
912