Дека бабите знаат најдобро – говорат некои нивни корисни совети што ги паметиме цел живот. Бабите и дедовците со години ја акумулираат својата мудрост. Постарите луѓе повеќе ја ценат убавината на животот. Ги препознаваат вистинските животни моменти и посвесно управуваат со своето расположение. Нема да ги видите како се грижат за ситници, па затоа се многу посреќни. Годините ги научиле на тоа.
Мудроста расте со возраста
Истражувањата покажуваат дека возраста е придружена со зголемено чувство на среќа. Научниците шпекулираат дека тоа се случува затоа што постарите луѓе со текот на времето научиле да го ценат животот повеќе од помладите генерации. Поголемиот дел од постарата популација, особено оние постари од 65 години, се највозбудени што конечно ќе можат да поминат време со своето семејство. „Имаат доволно животно искуство за да сфатат дека луѓето се еден од најважните извори на добри чувства“ – вели американскиот психолог Сара Брокау. Ако сакате да бидете среќни како нив, не мора долго да чекате, ниту пак да чекате да одите во пензија. За почеток, слушајте ги постарите, сфатете ги нивните зборови посериозно и учете од нивните примери. Нивните совети не треба да се земаат несериозно, бидејќи способноста да се фокусирате на позитивни наместо на негативни чувства доаѓа со возраста, но никогаш не е рано да станете оптимист како нив.
Секогаш смејте се
Дури и кога се чувствувате лошо, насмејте се – вештачката насмевка има моќ многу брзо да се трансформира во вистинска. Размислете за убавите нешта и убавите спомени и помагајте им на другите.
Живејте во сегашноста
Родителите често мислат дека нивните деца пребрзо пораснале, па им пречи што можеби нешто пропуштиле и немале време да уживаат во одредени моменти од нивното растење. Но, затоа бабите и дедовците се многу свесни дека сѐ е минливо и знаат дека треба да го извлечат максимумот од секој момент.
Неуспехот ќе ве зајакне
Помудрите луѓе знаат дека животот е непредвидлив, исто како што знаат дека сѐ е минливо. Свесни се и дека сè лошо што ви се случува еден ден ќе помине и тоа носи душевен мир, дури и во најтешките ситуации. Кога ќе направите грешка, извлечете поука од неа, а потоа престанете да размислувате за тоа. Подобро уживајте во успесите.
Ќе биде подобро

Кога ви е тешко, запомнете ги зборовите на вашите баба и дедо – дека секогаш може да биде полошо и дека еден ден веројатно ќе се смеете на работите од кои моментално ве боли глава.
Бидете благодарни
Кога сте млади, повеќето работи не ги сфаќате сериозно. Со возраста, луѓето почнуваат да ја гледаат вистинската вредност на работите кои често ги земаме здраво за готово, како што се здравјето, засолништето, пријателствата и сите тие нематеријални богатства. Одвојувајте неколку моменти секој ден за да размислите за сите убави работи и за луѓето што ве сакаат.
Омразата никому не му користи
Иако луѓе што се способни со години да се сеќаваат на туѓите дела и да смислуваат одмазда, па времето им поминува во несреќа. Оние што го сакаат животот знаат дека треба да простите што е можно поскоро бидејќи негативните чувства го уништуваат доброто расположение.
Автор: Ема Михановиќ