Воспитување

Животни лекции од татко за ќерка: Да се биде паметен и убав не е доволно, развиј го твојот карактер

Чиста и ангелска е љубовта на таткото кон својата ќерка. Еве какви животни совети и напиша татко на својата ќерка:

1. Слушај го звукот на сопствениот глас.

2. Нема секогаш да го добиеш она што го сакаш, меѓутоа никогаш немој да се задоволуваш со помалку од она што го заслужуваш.

3. Два телефонски броеви кои секогаш треба да ги имаш со тебе се мобилниот на твојот татко и неговиот број од работа.

4. Сама одлучи што ќе бидеш – никој не треба да ти кажува.

5. Немој само да бидеш различна. Сонувај многу.

6. Мажот кој го почитува твоето размислување и твоето тело е човек кој вреди да го имаш.

7. Пронајди ја страста во твојот живот и посвети ѝ се.

8. Направи позитивни избори.

9. Биди добар слушател и забележувај ги деталите.

10. Од време на време прашај се себеси кој ти е планот во животот.

11. Зборувај ја вистината, дури и тогаш кога твојот глас трепери.

12. Да се биде паметен и убав не е доволно. Развиј го твојот карактер.

13. Секогаш заблагодари се кога некој ќе ти даде комплимент.

 

14. Паѓај, плачи, прави грешки и кога сето тоа ќе заврши, повторно застани на нозе.

15. Верувај дека сите работи се возможни дури и тогаш кога изгледа дека сè е против тебе.

16. Не мора да бидеш готвач за да научиш да готвиш неколку добри оброци.

17. Внимавај да не се вљубиш во идејата за љубовта.

18. Тревата не е секогаш позелена на другата страна. Затоа фокусирај се да ја направиш позелена на страната на којашто се наоѓаш ти.

19. Биди искрена. Започнуваш да патуваш навистина опасен пат во моментот кога започнуваш да се лажеш самата себеси.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top