„Почитувај“, „Биди благодарен за она што го имаш“ и „Искреноста е најдобриот начин“ се топ-3 лекции што американските родители се надеваат дека ќе им ги пренесат на своите деца, според нова спроведена анкета. Како додаток се и „Никогаш не откажувај се“ и „Учи од своите грешки“.

Во анкетата учествувале 2 илјади родители, а спроведена е од страна на „YMCA“ и „OnePoll“ – а се посветило внимание на најважните животни лекции и мантри на кои родителите ги учат своите деца, како и предизвиците со кои може да се соочат во животот. За родителите што имаат чувство дека не можеле да ги научат децата на лекциите што сакале, практичните и финансиските бариери биле очигледни. Главните причини за тоа биле работењето повеќе од 40 часа неделно (33 проценти), фокусирањето на обезбедување намирници (23 проценти) и неможноста да се помине доволно време со децата (22 проценти).

Многу родители (43 проценти) кажале дека живеат по одреден шаблон поради можностите што му се достапни на семејството. Овој процент се зголемува кога се работи за родители кои заработуваат повеќе од 80 илјади долари годишно, индивидуално. Анкетата исто така открива дека 37 отсто од родителите веруваат дека местото каде што се родени ја одредува нивната иднина. „Иако звучи изненадувачки, истражувањето покажува дека една цифра може да има драстичен ефект врз вашиот живот“, вели Кевин Вашингтон, основач на „Y-USA“

Животните лекции им се пренесуваат на децата од страна на родител, од страна на наставниците и од други членови на семејството

Времето и парите се пречка за многу родители што сакаат да ги научат децата вредни животни лекции и вештини. Родителите што се борат на ваков начин истакнале дополнителни фактори како на пример: да се биде самохран родител (20 проценти), недостиг на финансии потребни за учење лекции/вештини (20 проценти), како и работење повеќе од една работа (17 проценти).

Резултатите покажуваат дека животните лекции им се најмногу пренесени на децата од страна на родител (75 проценти), на училиште/од страна на наставниците (47 проценти), како и од други членови на семејството (46 проценти). Бидејќи училиштето и наставниците играат важна улога во животите на децата, интересно е да се забележи дека 54 проценти од родителите се преселиле за на децата да им обезбедат подобро училиште.

Многу родители веруваат дека важните животни лекции не се промениле низ годините: 79 проценти од родителите рекле дека работат за да ги научат децата истите лекции што тие ги учеле додека растеле. Сепак, општеството се менува, а има нови работи кои децата треба да ги научат, особено кога станува збор за технологијата. Родителите велат дека новите вештини кои се надеваат дека ќе ги научат децата вклучуваат како да се биде безбеден онлајн и како да се развиваат социјални вештини во дигитален свет кој постојано се шири. Еден родител рекол: „Моето детство беше радикално поразлично од она на син ми. Неговиот пристап до социјални медиуми и видеоигри го направи учењето социјални вештини уште поголем предизвик“.

Без разлика кои животни лекции и вештини родителите сметаат дека се најважни, 70 отсто се согласуваат дека нивната заедница обезбедува можности за развојот на децата – а 80 проценти сметаат дека „домаќинската“ средина е важна во зајакнувањето на односите помеѓу луѓето.

Топ-10 животни лекции што родителите сакаат да им ги пренесат на децата:

– Почитувај
– Биди благодарен за она што го имаш
– Искреноста е најдобриот начин
– Никогаш не откажувај се
– Учи од своите грешки
– Не брзај да ги осудуваш луѓето
– Признај ги грешките
– Грижи се за своето физичко здравје
– Слушај пред да зборуваш
– Поминувај време со луѓето што ги сакаш

Топ-10 животни вештини кои родителите сакаат да ги научат децата:

– Основно готвење
– Добри хигиенски практики
– Возење автомобил
– Перење облека
– Раководење со финансии
– Свесност за околината
– Основни вештини за домашни обврски
– Менаџирање со времето
– Читање и разбирање
– Здрава исхрана

Автор: Мери Халанд

Извор



912

X