Игротека

„Жено, овој текст е токму за тебе“

Жено. Ти која заработуваш. Или работиш дома. Ти која воспитуваш деца и читаш книги и блогови за воспитување. Ти, кај која притисокот е сè поголем, а самодовербата сè помала.

Ти, која се преиспитуваш себеси и неуморно се трудиш да бидеш подобра. Ти, која секој ден стануваш веќе изморена и тивко ги завршуваш своите обврски. Која со години не си се одморила. На која ѝ се смачил вкусот на кафето. Ти, која смислуваш, набавуваш, готвиш, штедиш, се грижиш што ќе остане за утре. Перeш, собираш, диплиш, шиеш, лепиш, поправаш, го чистиш компјутерот, постојано ги бришеш кваките и рабовите. „Мамо, ти си мајсторка“. Бришеш задници и носеви.

Ти, која анимираш, набљудуваш, проценуваш, размислуваш, изведуваш, забавуваш, тешиш, прегрнуваш, смируваш, заспиваш. Која си на располагање во која било доба од денот или ноќта. Ти, што се цедиш себеси како крпа за од себе да извлечеш уште една капка, да ѝ ја дадеш на семејството. Ти, чиј резервоар е постојано сув, или речиси сув. Па сепак, несопирливо одиш понатаму.

Ти, која се носиш со некои, нови или стари, навреди и удари.

Ти, која себеси се нахрануваш. Да си подготвиш овошна и зеленчукова салата за себе не ти текнува, не стигнуваш, немаш сила, не си дошла на ред. Ти, која не си дозволуваш да заплачеш. Кој има време и нерви да се справува со нередот од сопствените солзи кога постојано ги брише детските. Ти, која ќе се насмееш, ќе извлечеш насмевка и ќе го дочекаш семејството со прегратки и љубов.

Ти, која и полудуваш, викаш, врескаш и удираш. Иако знаеш. Си читала. Сè знаеш. Ти, која постојано пресметуваш дали да спиеш, чистиш, готвиш или читаш. Па, потоа чистиш и гледаш, како и јас, во овој проклет блог. Ти, која и кога работиш нешто што не ти одговара, го правиш тоа за да се чувствуваш добро – заради децата. Не, не си ти во улогата на жена-жртва. Само, некогаш е тешко.

Немам совет за тебе. Немам. Бидејќи ти е смачено. Бидејќи ти веќе знаеш. И јас знам. Не сакам ништо да ти кажам. Само да те погледнам в очи.

Ништо повеќе.

Автор: Билјана Станојчиќ

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top