Емоционалната зрелост не се развива исто кај мажите и жените – постојат значајни разлики, покажува студијата спроведена од заедницата „Аор ворлд“ од Велика Британија. Според резултатите, жените најчесто достигнуваат целосна зрелост околу 32. година, додека кај мажите овој процес трае сè до 43. година.
Истражувањето покажало дека дури 80 отсто од жените ги гледаат мажите како личности кои задржуваат детинесто однесување и во зрелата возраст. Навиките како играње видеоигри и консумирање брза храна се меѓу најчестите примери што ги наведуваат испитаниците.
Истражувањето укажува дека во љубовните врски жените често ја преземаат улогата на оној што донесува одлуки. Многу жени чувствуваат потреба да ги поттикнат своите партнери да се однесуваат „во согласност со своите години“.
Иако се претпоставува дека зрелоста доаѓа со возраста, ова истражување покажува дека процесот на емоционално созревање е комплексен и под влијание на различни фактори. Кај некои тој може да биде стабилен и напредувачки, додека други може да се соочат со препреки.
Што е емоционална зрелост?
Често слушаме за поимот „емоционална зрелост“, но што точно значи тоа? Да се биде емоционално зрел значи да се има свест за сопствените емоции, да се реагира на нив на соодветен начин и да се има способност за сочувство кон другите. Ова вклучува и самоконтрола, емпатија и стабилни меѓучовечки односи.

Но, не созреваме сите со иста брзина. Начинот на кој сме воспитани, искуствата што ги имаме во детството и односот со родителите имаат големо влијание врз тоа кога и како ќе достигнеме емоционална зрелост.
Шест знаци на емоционална зрелост
Преземате одговорност за своите емоции – Емоционално зрелите луѓе знаат дека самите се одговорни за своите реакции. Наместо да ја обвинуваат околината, тие размислуваат како да го подобрат своето расположение.
Покажувате сочувство кон другите – Способни сте да го гледате светот од перспективата на другите и да им дадете поддршка, наместо да ги игнорирате нивните чувства.
Градите здрави односи – Здравите односи се резултат на добри искуства од детството и способност за доверба и емоционална отвореност.
Се извинувате за своите грешки – Признавањето на сопствените грешки и преземањето одговорност за нив е знак на зрела личност.
Возраст, пол и емоционална зрелост
Човечкиот мозок не е целосно развиен при раѓање – истражувањата покажуваат дека тој продолжува да се оформува до средината или дури до крајот на 20-тите години. Интересно е што делот од мозокот одговорен за емоционалната зрелост (лимбичкиот систем) започнува да се развива дури околу 10. или 12. година.
Според истражувањето, жените достигнуваат емоционална зрелост во просек 11 години порано од мажите. Кај мажите, овој процес трае до околу 43. година, но зависи од нивниот животен пат, семејните односи и личните искуства.
Во различни култури, начинот на кој луѓето ги изразуваат и регулираат своите емоции значително варира. Односот со родителите во детството игра клучна улога во емоционалниот развој и начинот на кој личноста подоцна ќе гради односи и ќе управува со своите емоции.
912