Бременоста може да биде прекрасна, но исто така претставува голем предизвик, а утринските мачнини се еден од најнепријатните аспекти.

Но, имаме добри вести за сите оние што страдаат од оваа состојба: истражување покажува дека хормоните што предизвикуваат утринска мачнина се исти како оние што се поврзани со поголем развој на мозокот кај децата. Истражувањето открило дека мачнините што се појавуваат во текот на бременоста се одличен знак за предвидување на интелигенцијата кај децата. Истражувањето вклучи 121 жена што забремениле помеѓу 1998 и 2003 година, а нивоата на интелигенција на децата биле анализирани кога тие биле помеѓу 3 и 7 години.

Други истражувања откриваат дека утринската мачнина во текот на бременоста е добар знак бидејќи е поврзана со пониска стапка на спонтани абортуси. Со други зборови, утринската мачнина има заштитна функција, бидејќи тоа значи дека нивоата на хормоните се доволно високи за да ја задржат бременоста. Но, ова е првпат да се открие поврзаност со мачнината и тоа дали децата ќе бидат паметни кога ќе се родат.


Утринската мачнина воопшто не е пријатна, но знаејќи дека има значење и вредност, нè тера да ги гледаме поинаку работите. Децата на мајките што имале утрински мачнини имале повисока вредност на IQ-тестовите од оние мајки што немале мака со утрински мачнини.

Објаснувањето за утринските мачнини е дека човечкиот хорионски гонадотропин се зголемува и создава идеално опкружување за плацентата и подобар развој на невроните кај децата.

Истражувањето дава охрабрување за жените што страдаат од мачнина меѓу 1. и 16. недела кога почнуваат да чувствуваат симптоми на бременост како поспаност, замор и отоци. Но, знаењето дека мачнината има такво значење, им дава поголема сила на жените што страдаат од неа.



912

X