Сите мајки во светот ќе се согласат дека не постојат две исти бремености. Од симптоми и промени во расположението до желби за одредена храна и породување, сето тоа варира од бременост до бременост. Од една страна, ќе бидете возбудени од доаѓањето на вашето бебе, но, од друга страна, поради хормоналните промени, може да бидете нервозни и тоа може да предизвика драстични промени во расположението.

Покрај тоа, многу нови мајки доживуваат „бејби блуз“ по породувањето, што вклучува промени во расположението, плачење и вознемиреност, но во некои случаи состојбата станува посериозна и почнува да влијае врз нивниот живот. Во медицинска смисла, ова е познато како постпородилна депресија. Интересно, според едно истражување, дури и периодот од годината кога вашето бебе е родено може значително да влијае врз ризикот од постпородилна депресија.

Во рамките на истражувањето биле прегледани медицинските досиеја на повеќе од 20.000 мајки што родиле помеѓу јуни 2015 година и август 2017 година. Истражувањето открива дека жените што родиле во зима или во пролет имаат помала веројатност да страдаат од постпородилна депресија во споредба со оние што родиле во лето или есен. На состанокот на Американското здружение на анестезиолози, истражувачите го презентирале нивното истражување и објасниле дека сезоната во која се раѓа детето не е единственото нешто што го одредува ризикот од постпородилна депресија. Тежината на мајката, расата, употребата на епидурална анестезија и гестациската возраст на детето се други фактори што можат да играат значајна улога.

Постојат неколку причини зошто мајките кои раѓаат во лето или во есен може имаат поголема веројатност да страдаат од постпородилна депресија. Првата е дека новите мајки често остануваат дома да се грижат за своето новороденче, па се чувствуваат изолирани од социјалните кругови. Бидејќи дружењето е почесто во текот на убавото време, ова чувство на изолација е уште поизразено.

Второ, ниското ниво на витамин Д поради недостиг на изложеност на сончева светлина во текот на студените месеци може да направи да се чувствуваат депресивни кога раѓаат во лето или есен.

Извор



912

X