Здравје

Жените што раѓаат деца во средината на дваесеттите години живеат најдолго, покажува истражување

Научниците откриле дека жените што имаат деца на 25 години имаат поголема веројатност да живеат подолго. Ова го покажува новото истражување од Универзитетот во Сеул, Јужна Кореја. Истражувањето било направено на повеќе од 4.000 жени, а истражувачкиот тим открил дека добивањето деца пред или по средината на 20-тите години го зголемува ризикот од умирање за 5 отсто, според наодите објавени во медицинското списание „Матуритас“.

Поточно, истражувачите ја поврзале постарата возраст за раѓање со зголемување на кардиоваскуларните болести, како и смртност од различни причини. Трендот на податоците беше во форма на буквата „U“, што означува дека ризикот од рана смрт е поголем колку што жените биле подалеку од средината на 20-тите години.

Истражувачите сугерираат дека помладите мајки се со помала веројатност да бидат во ситуации кои предизвикуваат зголемен ризик од физички или ментални болести и дека породувањето им става поголем притисок на постарите мајки.

Од 4.044 жени-учеснички, истражувачите споредиле 1.398 жени кои родиле помеѓу 20 и 23 години, како и 1.033 кои првпат се породиле на 24 и 25 години и 1.513 кои имале бебиња на возраст од 26 до 36 години.

Тие ги следеле сите три групи 18 години подоцна.

Од сите мајки во текот на студијата, 243 жени умреле, при што мнозинството од нив биле од помладата мајчинска популација и една третина кај постарата популација.

При проучувањето на стапките на преживување и од кардиоваскуларни болести и од смрт од сите причини, возраста од 24 до 25 години била најиздржлива. Стапката на преживување за срцев удар и мозочен удар била 97,3 отсто за помладата група, 99,6 отсто за девојките во средината на нивните 20-ти години и 98,7 отсто за постарите мајки, 18 години по раѓањето на нивното прво дете.

– Генерално, младите луѓе од обесправени средини беа изложени на поголем ризик да имаат деца во тинејџерските години, додека постарите жени може да имаат повеќе физички проблеми со породувањето. Постарите мајки имаат поголеми тешкотии да закрепнат од бременоста и породувањето отколку помладите мајки, а нивните мускули можеби нема да можат да функционираат како порано – вели експертот за епидемиологија Сангшин Парк, професор на Универзитетот во Сеул.

Тој додаде дека претходните истражувања ги поврзуваат и помладите мајки со поголеми шанси за дебелина и депресија.

Како се зголемуваат здравствените проблеми на постарите мајки?

Во врска со влијанието врз здравјето на постарите мајки, професорката Парк рече дека други истражувања покажале дека постарите жени имаат повеќе проблеми да закрепнат од физичките последици од бременоста.

Таа додаде дека постарите мајки може да имаат тешкотии да вежбаат и да одржуваат добро здравје додека се обидуваат да ја балансираат својата кариера со воспитувањето на нивните деца.

Авторите признаваат дека нивната студија има неколку ограничувања, а едно е дека тие испитувале само податоци од два региони на Јужна Кореја и дека понатамошните истражувања треба да земат предвид пошироки популации.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top