Неодамна актерката Џенифер Гарнер го објави ова неверојатно видео за трудна балерина со некои „сериозни вештини“ под хаштагот #WomenAreWonders.
Видеото собра повеќе од 2,1, милиона прегледи и предизвика многубројни реакции.

Балерината Маја Макхатели е родена во Грузија и е член на амстердамскиот балетски ансамбл „Хет нешнл балет компани“. Во текот на бременоста Маја објави низа многу интересни видеозаписи како ова „балансирање“. Во 36. недела од бременоста покажа дека сè уште може да танцува и да позира и така му даде смисла на изразот „балансирање“.

 

 

View this post on Instagram

 

Bloom where you’re planted. 🌸🌷🌹🌼 #womenarewonders #tututuesday . 📹: @maiamakhateli

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner) on

Споделувајќи ги своите елегантни потези во видеото на „Инстаграм“, Маја ги воодушеви своите следбеници не само со способноста да балансира на една нога, туку и со тоа што може да пие вода или да јаде јагоди во таква положба.

 



912

X