Игротека

Жени од Флорида срушиле рекорд во одење боси по лего-коцки

Пет мајки од Флорида срушиле Гинисов рекорд откако заедно изоделе над 3 километри боси по лего-коцки.

Кејти Велс, основач на веб-страницата „Велнес мама“, ги собрала пријателките Ешли, Савана, Грејс и Кет за да го срушат рекордот за најголемата помината дистанца со боси нозе врз лего-коцки, во времетраење од 1 час. Секоја жена морала да направи минимум 20 круга на патеката за 1 час за да го сруши рекордот, а тие ги надминале и сопствените очекувања и постигнале над 3 километри.

Патеката со лего-коцки била направена во фитнес-сала во Санта Роса Бич, Флорида.

– Една од моите цели за оваа година беше да поставам светски рекорд и знаејќи ја важноста на заедницата, знаев дека ќе сакаат да се обидат и други мајки – изјавила Велс.

фото извор: Wellness mama

– Колку од нас имале искуство да стапнат на лего-коцки додека се движат низ домот во текот на ноќта за да дојдат до своето бебе, или додека трчаат низ домот за да одговорат кога некој ѕвони на врата, или да ја проверат рерната или јадењето што се готви – вели Велс.

Нивниот обид бил верифициран од судија од Гинис, кој виртуелно ја следел нивната активност. Медицински професионалци исто така биле присутни за да се уверат дека сè ќе биде спроведено според спецификациите на Гинис.

Автор: Бен Хупер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top