Многу често по породувањето настапуваат фрустрација и намалување на љубовта кон себеси поради новиот изглед, кој не е онаков каков што жената замислувала. Многу жени, меѓу кои и јавни личности, одлучуваат да им помогнат на останатите за да си ги засакаат промените на телото кои настануваат по породувањето. Тие основаат и движења чија цел е отворено да се зборува за сите „недостатоци“ што ги носи мајчинството во физичка смисла, дека е сосема во ред да не изгледате совршено, а најмногу од сè, дека тоа не значи дека не сте убави како претходно. Тие потенцираат дека треба да се смени фокусот на тоа како изгледаат мајките или треба да изгледаат и да се стави на тоа да бидат здрави физички и ментално, бидејќи само тоа ќе придонесе да се чувствуваат добро во своја кожа

„Втора бременост, гледам во огледалото и тој ми вели: – Не грижи се за стриите. Твоето тело веќе е уништено од првата бременост!“ Дали некои од овие моменти ви се познати?

Ах, бременост и породување. Тоа е специјално време исполнето со специјални моменти… Како моментот кога првпат ќе го слушнеш чукањето на срцето на детето, моментот кога ќе ги затвориш очите заедно со твоето новороденче, како и првиот момент кога ќе го донесеш дома и ќе започнете нов живот како семејство. Но, работите помеѓу некогаш сакаме да ги заборавиме… вообичаено тоа се работи кои партнерот ни ги кажал и кои биле беспомошни.

Една мајка на платформата „Редит“ ги споделила работите што нејзиниот партнер ѝ ги кажал по неколку моменти откако се породила. „Стојам пред одгледало, да го фрлам првиот поглед врз себе сосема гола откако го родив моето дете“, напишала таа. „Сопругот влегува и вели – ох драга, твојот стомак… Веднаш почнувам да плачам. Тој уште се чувствува лошо поради тоа, а веќе поминаа 5 години“.

„Мислам дека едноставно барам помалку сон од неа!“

Не е изненадување, но многу мажи се несвесни за исцрпеноста на нивните партнерки по породувањето. Една жена вели дека нејзиното бебе имало само една недела кога отишле на лекар, а лекарот прашал како се чувствуваат. Сопругот вели: „Јас сум супер! Мислам дека едноставно барам помалку сон од неа“. Сепак, во право е: повеќето луѓе имаат помала потреба за сон отколку оние што тукушто поминале низ бременост, царски рез и почнале да дојат за да одржуваат во живот друго човечко суштество.

Друга жена се жалела за моментите кога нејзиниот сопруг ја будел и ѝ велел: „Леле! Не верувам дека бебето спиеше во текот на ноќта!“, додека таа му испраќала заканувачки погледи бидејќи всушност тој спиел цела ноќ, а таа се будела на секои 2-3 часа.

„Твоето тело веќе е уништено“

Најголемата работа што мажите едноставно не ја разбираат е притисокот што го чувствуваат жените да се вратат во форма откако родиле дете и колку сето тоа за нив е стресно. Една жена споделила нешто такво за нејзината втора бременост. „Гледав колку нови стрии имам на задникот. Сопругот ме гледаше и ми рече: – Не грижи се толку за стриите, твоето тело веќе е уништено со првото дете“. Навистина голема поддршка.

Уште едно искуство за време на шопинг. „Бевме во одделот за храна за кучиња… Избрав една конзерва со парчиња месо од мисирка. Сопругот ме погледна и рече: – Охх, ти си моето мисирче. Плачев и плачев, и го споменуваме тоа до ден-денес“.

Уште еден момент е кога сопрузите одненадеж сфаќаат дека нивните сопруги нема да изгледаат исто како претходно. „Ја погледна лузната од царскиот рез. Се вџаши, ја тресеше главата и рече: – Па, ќе треба малку време за човек да се навикне на ова“.

Без паника, тоа е само породување

Има уште многу приказни за моментите помеѓу партнерите на оваа тема. Една жена кажува дека нејзиниот сопруг ѝ рекол да се смири… додека таа се породувала, додека друга раскажала дека на нејзиниот сопруг му било драго што гледал толку многу хорор-филмови: „Така создал цврст стомак, кој му бил потребен за породувањето“.

А една мајка, пак, имала одличен одговор за сопругот кој го минимизирал нејзиниот труд по породувањето. „Мојот поранешен сопруг еднаш тврдеше дека доењето не е толку тешко и болно како што јас го претставував… за да ја илустрира неговата поента тој ја стави електричната пумпа на својата града и ја вклучи. Со помислив дека  доби струен удар… беше волшебно“.

Автор: Џена Мартин

Извор



912

X