Игротека

Жена во деветтиот месец од бременоста трча 8 километри

Макена Мајлер е бремена во деветтиот месец, а нејзиниот термин е 19 октомври – денес. Видеото на Мајлер снимено преку „Тик-ток“ станало мегапопуларно бидејќи на него се гледа како таа трча 8 километри додека е во деветтиот месец од бременоста.

„Не ни знаев дека мојот сопруг го објавил видеото“, вели Мајлер.

Таа додава дека коментарите на видеото биле полни со поддршка, но и збунувачки. Некои велеле дека видеото им предизвикува анксиозност, но навистина нема причина за тоа. Мајката има медицински професионалци кои се грижат за неа. Како што објаснила таа, тренирала со години уште пред бременоста. Таа и сопругот живееле во Австралија кога забременила, а нејзиниот лекар ѝ дал огромна поддршка во нејзината намера да продолжи да трча. „Тој беше сосема опуштен бидејќи имал искуство и со други атлетичари претходно, па ми даде совет да продолжам да трчам“, вели Мајлер.

На половина од нејзината бременост, брачниот пар се преселил во САД и Мајлер му ја објаснила ситуацијата на нов лекар, а била и малку нервозна за продолжувањето на својата рутина. „Сега сме во Калифорнија и мојот лекар не знаеше за ова“. Кога му кажала дека трча толку километри, тој бил загрижен, сè додека не сфатил дека таа веќе го намалила трчањето на половина од претходно. „Потоа направивме ултразвук и моето бебе беше здраво. По сето тоа мојот лекар ми даваше поддршка“.

Поддршка добива и од својот сопруг, а Мајлер се надева дека популарноста на видеото ќе доведе до поголема поддршка на бремените жени, воопшто. Не се согласува со една рамка на пристап кон бременоста и посакува општеството да гледа на бремените како на способни индивидуи.

Мајлер очекува нејзиното бебе да пристигне наскоро, а е сигурна во едно нешто – нема да брза да се врати назад на нејзината стара рутина. „Мислам дека не сакам да бидам истата личност. Сакам да бидам посилна од порано. Заради детето. Сакам навистина да го слушам своето тело“.

Таа сака да им даде на сите до знаење дека трчањето 8 километри не е сегашен нејзин потфат, туку таа напорно тренирала на професионално ниво уште пред да биде бремена и продолжила со тренинзите и откако забременила.

Од Клиниката „Мајо“ тврдат дека иако е препорачливо да се вежба за време на бременоста, сепак треба да имате зад себе медицински тим кој ќе ве води низ целиот процес, со цел бременоста да почне и да заврши безбедно, без поголеми проблеми.

Автор: Хедер Марко

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top