Американка со ретка двојна матка се породила двапати во два дена по исклучително ретка бременост и вкупно 20 часа породување.

32-годишната Келси Хачер роди ќерка во вторникот, а наредниот ден, во средата, роди уште едно бебе во болницата на Универзитетот Алабама во Бирмингем.

Девојчињата се опишани како ретки близначки кои имаат одвоени родендени.

Гинекологот од болницата потврди дека бебињата се добро и дека станува збор за случај кој повеќето луѓе во нејзината професија никогаш не го искусиле.

Келси на 17-годишна возраст дознала дека има двојна матка, ретка вродена аномалија која погодува 0,3 отсто од жените. Шансите за бременост во две матки биле уште помали, една наспрема милион.

– Да се има двојна матка е ретко, а забременувањето и во двете истовремено е уште поретко – велат лекарите.

Извор



912

X