Мајка која се породила на задното седиште во такси се шокирала кога ѝ испратиле сметка за чистење по само неколку дена од породувањето, пренесува „Сан“.

26-годишната Фарах Качаниндин од Велика Британија тргнала кон болницата каде што требало да ѝ се направи рутински преглед. Но се породила во таксито, а таксистот се јавил во болница за да ги извести лекарите.

Неколку дена подоцна, Фара добила сметка на нејзината домашна адреса за 90 фунти (околу 6.300 денари) за возењето со такси плус дополнителни 30 фунти (околу 2.000 денари) за чистење. Мајката, која го има и постариот син Каиро, била шокирана од одлуката на такси-службата која, според неа, не постапила коректно.

– Сосема ми е јасно дека направив хаос, но малку е дрско што ми ја испратија сметката по само неколку дена од породувањето. Тоа беше најбрзото раѓање досега. Воденикот ми пукна по пет минути возење. Возачот праша дали сакам да застане, но јас му реков да продолжи бидејќи верував дека ќе стигнам во болница пред да се породам – рекла Фарах и додала:

– Кога стигнавме во болницата, акушерките чекаа и беа шокирани што ја носам мојата новородена ќерка в раце. Беше надреално. Немав време да се плашам. Смешно е што такси-компанијата се наоѓа на нашата улица, па секој ден го гледам автомобилот во кој се породив пред мојата куќа.

Автор: Скарлет Хаус

Извор



912

X