Конг Женлан (71), од кинеска провинција, го посветила својот живот на посвојување и одгледување деца. Во текот на 46 години посвоила дури 44 сирачиња. Таа успеала да ги едуцира и воспита на вистински начин, а многу од нив се успешни и образовани денес.

И покрај тоа што немала високи примања, а и финансиската состојба не `ѝ била баш добра, оваа жена успеала да ги однесе сиромашните деца на вистинскиот пат. Она што ја поттикнало на ваков потег е неможноста да гледа сиромашни и гладни деца на улица. Еден ден таа застанала и зела сираче в раце, а потоа знаела дека мора да направи нешто што ќе му го подобри животот. Најстарото дете што го посвоила денес има 45 години, додека најмалото само девет месеци.

Посвоените деца ѝ се голема поддршка денес. Благодарение на нив, таа денес е материјално обезбедена, додека тие ѝ обезбедуваат финансиска поддршка. Конг ги потрошила сите пари што ги имала на храна, со цел да обезбеди основни работи за своите деца и да им обезбеди живот без стрес. Многу ѝ помогнале и локалните жители, додека таа неретко барала храна за своите малечки во кантите за ѓубре.

Скромната жена неодамна за „Pear Video“ открила дека во последните 40 години спие само два часа дневно. Таа легнува околу полноќ, откако ќе ги подготви децата за спиење и ќе ги заврши домашните работи, а потоа станува околу 2 часот за да провери дали сите деца се покриени и дали им треба нешто.

Образованието – најдобриот лек за сиромаштијата

Конг отсекогаш верувала дека образованието е најдобриот лек за сиромаштијата и во таа насока се борела да им обезбеди на своите деца услови да се образоваат. Сите нејзини деца го завршиле училиштето, многу од нив учеле, а денес работат како доктори и професори.

„Од раното детство ги охрабрував напорно да учат и да внимаваат на часовите. Им реков дека нивна должност е да учат и дека ова е нивната единствена шанса да направат нешто од себе“, рекла Конг.

И покрај годините и нарушеното здравје, Конг сè уште се грижи за своите деца и им се посветува. Конг станала многу популарна во Кина, а нејзината приказна станала вирална. Јавноста е воодушевена од нејзиниот гест, ја нарекуваат светица и ѝ се восхитуваат.

Извор



912

X