Триесет и шестгодишната Ерин Бахадур во декември 2020 година го родила своето второ дете, девојчето Реми. Поради плацентата, таа била подложена на итен царски рез, по што заработила 40 конци на стомакот.

Сепак, тоа не ја спречило и таа позирала покажувајќи ја својата голема лузна за да им покаже на другите низ што поминува женското тело за да роди дете.

– Јас сум визуелен тип, па фотографиите од лузните ми помагаат да го нормализирам она што се случи со моето тело. Понекогаш, поради хормоните и непроспиените ноќи, забораваме на првите денови. Сакав да им покажам на другите жени дека не секое породување е исто и дека и оние нетипичните треба да се прослават. Лузната за мене претставува сила. Ме воодушевува што има место каде што бев отворена за да излезе друг живот. Тоа е вратата преку која дојде мојата ќерка на свет и многу сум горда – напиша таа на „Инстаграм“.

Царскиот рез поминал добро, но Реми била родена пет недели предвреме, па 15 дена поминала на одделот за интензивна нега. Во меѓувреме, на Ерин ѝ биле отстранети конците.

– Постпородилниот период не е секогаш прекрасен. Неуреден е, крвав и страшен. Емоциите понекогаш се посложени од што било физичко што сме го искусиле – вели таа.

Таа предупредува дека гледаме идеални фотографии на социјалните мрежи кои се далеку од реалноста.

– Гледаме розови сцени од породувањето и мајчинството, но моето искуство и со двете породувања покажува дека не е секогаш така. Поради насмеаните мајки и бебиња, на жените може да им биде тешко да прифатат дека поминале низ траума. Сакам да зборуваме за работи за кои луѓето не зборуваат. Сакам да ги видам и слушнам сите жени – вели таа.

Извор



912

X