Борбата за животот на ова бебе почна уште со самото негово раѓање

Уште едно новороденче си заминува дома здраво и среќно. Денеска за семејството Јашари е најсреќниот ден во животот. Тие во своите прегратки си ја однесоа дома својата ќерка, која првите десетина дена од својот живот ги помина во клиничката болница „Жан Митрев“.
Овие денови беа исполнети со многу премрежиња, очекувани, но и неочекувани состојби кои на крај со помош на нашиот тим од хирурзи, анестезиолози, педијатри завршија со најповолен исход за малиот пациент.

Сега веќе слободно може да се каже дека посветеноста и ентузијазмот на тимот на д-р Жан Митрев извојуваа уште една победа и донесоа насмевки и надеж во уште едно семејство.

Борбата за животот на ова бебе почна уште со самото негово раѓање на државната клиника.

Тоа веднаш по породувањето беше донесено во „Жан Митрев“ како итен случај. Веднаш биле направени сите испитувања, по што се утврдило дека станува збор за вродена аномалија наречена транспозиција на големите крвни садови.

– Новороденото беше донесено во нашата клиника по само три часа од породувањето. Поради срцевата аномалија, крвта не можеше да се снабдува со кислород, па во многу тешка состојба беше префрлено и итно оперирано – објаснуваат од тимот кој се грижи за интензивната нега во педијатриското одделение на „Жан Митрев“.

Операцијата ја изведе д-р Жан Митрев, кој појаснува дека се направи комплетна корекција на сите аномалии на срцето.

Операцијата траела четири часа и поминала во најдобар ред. Следниот ден бебето веќе било тргнато од машината за дишење и почнале сите мерки на закрепнување.

– Состојбата е повеќе од задоволителна. Пред нас имаме бебе кое нема никакви проблеми. Навистина е убаво чувството кога едно бебе што беше донесено кај нас комплетно модро, борејќи се за живот, веднаш по корекцијата на аномалијата го гледате како лакомо бара храна, се бунтува и гласно плаче покажувајќи ја својата волја за живот – вели д-р Митрев, додека ги дава насоките на мајката на бебето како да ја продолжат негата, растот и развојот на нивното чедо во домашни услови.

Родителите Јашари пресреќни си заминуваат од „Жан Митрев“ со многу надежи, љубов и искрена благодарност до сите што учествуваа во оваа навистина среќна приказна која животот ја испишува по којзнае кој пат во оваа болница.

Во време кога светот се соочува со најголемата здравствена криза, пандемијата на коронавирусот, клиничката болница „Жан Митрев“ и целокупниот персонал се максимално посветени на грижата за здравјето на сите пациенти, а особено на оние најмалите што веднаш по раѓањето се со тешки срцеви аномалии, за што нашиот оддел за детска кардиохирургија нуди најпрофесионални и најсофистицирани услови во овој дел од Европа.

(Комерцијална објава)



912

X