Како родител, нормално е да обрнувате внимание на цревното движење кај вашето дете. Промените во текстурата, количината и бојата претставуваат корисен начин да се набљудува здравјето на детето и исхраната. Но, и покрај сето тоа, може да биде шок за родителите ако откријат дека бебето има зелена столица кога им ја менуваат пелената или кога му помагаат на детето во тоалетот. Што може да предизвика зелена столица и кога треба да се јавите на лекар.

Причини за зелена столица кај бебиња

Нема родител кој никогаш не видел промена во бојата во пелената на бебето. Кога бебињата имаат неколку дена, нивната столица се менува од црна боја, со која се родени, до боја на сенф. За време на транзицијата столицата може да станува зелена, а како што расте бебето, така исхрана ќе има директно влијание врз бојата и текстурата на столицата. Бебињата што примаат суплементи за железо може да имаат темнозелена столица. Исто така, нормално е бојата да се менува од жолтеникаво-кафеава во светлокафеава. Ако доите, жолтата боја на столицата од вашето бебе доаѓа од мастите во вашето млеко. Повремената зелена столица кај бебето кое го доите може да се јавува од различни причини, на пример:

Она што го јадете

Ако често консумирате зелен зеленчук или храна со таква боја, на пример сокови и слично, тоа може да е причината за бојата на вашето млеко и столицата на бебето.

Бебето е болно

Ако бебето има стомачен вирус, тоа може да влијае врз бојата и зачестеноста на столицата, особено ако имаат дијареја. Ова може да се случи и кај бебињата што се хранат со адаптирано млеко.

Бебето е чувствително или алергично на нешто во вашата исхрана

Иако ова е малку веројатно, сепак, се случува. Може да е и чувствително на некој лек што го земате. Во ваков случај, столицата со слуз вообичаено е проследена со други симптоми, како болки во стомакот, проблеми со кожата или со дишењето. Истото може да се случи и со постари бебиња, кога им се внесуваат нови производи во исхраната.

Дисбаланс во хранењето со млекото или прекумерно доење

Ако имате зголемено лачење на мајчиното млеко, бебето можеби добива повеќе млеко отколку што му е потребно. Течноста што излегува пред мајчиното млеко има помала количина на масти, а повисоко ниво на лактоза за разлика од мајчиното млеко. Ако бебето цица повеќе од таа течност, можно е кај него да се јави дисбаланс помеѓу примената лактоза и мастите. Доаѓа до брзо варење, а тоа доведува до зелена, водеста столица. Прекумерната количина на лактоза може да предизвика и гасови и непријатно чувство кај вашето бебе. Ова не е проблем ако вашето бебе е здраво, среќно и има нормална тежина. Сепак, може да се реши ако го оставите бебето да цица доволно долго на едната страна за да се здобие со поголема количина млечни масти.

Што јаде вашето бебе

Како што расте бебето и почнува да јаде поцврста храна, зелената столица може повторно да се појави. Тука се вбројува вклучување на храна како грашок, грав, спанаќ.

Може да се појавува и слуз

Лигавата состојба на столицата укажува на појава на слуз, па се верува дека ова некогаш се случува кога на бебето му излегуваат запчиња или кога е настинато. Може да биде и знак за инфекција. Зборувајте со вашиот педијатар ако не се изгуби за кратко време и е проследено со други симптоми за болест.

Зелена столица кај мали и повозрасни деца

Ако забележите дека столицата на вашето дете е зелена, веројатно е од нешто што детето го консумирало. Лековите и дополнителните формули за железо, исто така, може да се причината за тоа. Иако не е многу често, сепак, вообичаено не е причина за грижа. Најчести причини се:

– природни или вештачки бои кои ги има во храна, на пример, спанаќ
– дијареја предизвикана од храна или болест
– додатоци за железо.

Во многу случаи зелената столица кај децата е проследена и со дијареја. Во тој случај, осигурете се детето да зема доволно течности за да не дојде до дехидратација. Ако дијарејата и зелената боја на столицата не се повлечат за неколку дена, обратете се на педијатар.

Извор



912

X