Здружението „Од нас за вас“ реагира на забраната за упис на невакцинирани деца во градинките и училиштата. Оттаму сметаат дека со тоа се прави најбрутална дискриминација на најмалите.

Од здружението велат дека e настанат хаос бидејќи родителите не знаат дали треба ги вакцинираат децата само со МРП вакцината или треба да имаат уреден вакцинален картон, а и градинките и училиштата не знаат каква потврда треба да донесат родителите. Невозможна мисија, според здружението, е и да се извади потврда од здравствените диспанзери. Ситуацијата е таква, велат од ова здружение, бидејќи нема писмен допис, туку се се сведува на усни наредби.

– Не е работа на училиштата да кажуваат дали детето ги има примено вакцини или не. Нивна должност е да го запишат детето во училиште и да му овозможат настава. Во новиот закон за основно образование посебно е воведена забраната за заштита од дискриминација. Ова е најбруталната дискриминација извршена врз децата – истакна претседателката на здружението Гордана Гоџо на денешната прес-конференција.



912

X