Игротека

Здравите оброци ги претвора во ликови од цртаните

Триесет и петгодишната Лалех е мајка на 6-годишниот Џејкоб и 19-месечната ќерка Чарли. Уште во 2015 година таа почнала здравите оброци што ги подготвувала за нејзините деца да ги претвора во ликови од филмови, книги или играчки.

Почнала да ги објавува интересните оброци на нејзината фејсбук-страница и добила позитивен одговор од интернет-корисниците. Така, нејзината работа ја префрлила на „Инстаграм“ и почнала да ги инспирира другите родители да бидат креативни во кујната.

Во период од еден месец нејзината веб-страница станала вирална и го привлекла вниманието на медиумите од целиот свет, па почнале да ја контактираат медиуми како „Тајм магазин“, „Хафингтон пост“, „Тудеј шоу“ итн. Во изминативе две години имала соработка со компании како „Дизни“, „Никлдон“, „Јуниверсал пикчрс“ итн.

Како што вели, Лалех користи свежи, здрави производи без рафиниран шеќер или конзерванси. Сите нејзини креации се обоени со помош на зеленчук и природни прашоци како активен јаглен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top