Децата најмногу учат од своите родители и од возрасните во нивната околина
Како одговорен родител, грижата за здравјето на вашето дете е да го научите на здрави навики што ќе треба постојано да ги следи. Ова се неколку совети за тоа како да ја подигнете свеста кај вашите деца за нивното здравје.
1. Нема прескокнување на појадокот
Појадокот е најважниот оброк во денот. Појадокот ќе му помогне на вашето дете да остане енергично во текот на денот. Обидете се да пронајдете оброк што ќе ги спои овошјето, протеините, јаглехидратите и зеленчукот.
2. Миење на рацете
Миењето на рацете е на врвот на листата кога станува збор за здрави навики кај децата. Научете ги вашите деца правилно да ги мијат рацете со сапун.
3. Манири во тоалетот
Научете ги децата како треба да се однесуваат во тоалет. Кажете им дека треба да ги мијат рацете по секое користење на тоалетот и да пуштат вода.
4. Бидете активни
Во овој дигитален свет не е реткост децата да бидат заглавени пред телевизор или пред други уреди. Децата и адолесцентите треба да имаат околу 60 минути физичка активност секој ден. Неактивноста води кон дебелина.
5. Организирајте време за семејството
Времето поминато со семејството ви овозможува да се поврзете со вашите деца. За жал, ова е нешто што родителите постојано го пропуштаат во денешно време. Издвојте време за вечера, кога ќе можете да разговарате со децата без одвлекување на вниманието од телевизорот, телефоните или компјутерите.
6. Миење на забите двапати дневно
Хигиената на забите е од витално значење. Вашите деца мора да ја сфатат важноста на миењето заби секој ден. Научете ги дека не треба да јадат откако ќе ги измијат забите навечер.
7. Добар сон
Децата на возраст од 5 до 12 години имаат потреба од најмалку 10 часа ноќен сон за да бидат здрави. Легнувајте ги секој ден во исто време. Редовниот режим на спиење може да им помогне да бидат повнимателни на наставата, да останат во подобро расположение во текот на денот и да изградат имунитет.
8. Ограничете го времето поминато пред екран
Поставете им фиксно време за активности пред екранот, како што се гледање телевизија и играње видеоигри. Неопходно е да се избегне оштетувањето на нивните очи.
9. Редовни здравствени прегледи
Превентивната заштита е од суштинско значење за одржување на здравјето на вашето дете. Затоа, не прескокнувајте ги здравствените проверки секоја година. Истото важи и за проверката на забите.
10. Бидете му добар пример на вашето дете
Најдобриот начин да ги научите вашите деца на добри здравствени навики е самите да им покажете преку практикување добри навики.