Воспитување

Што ако му зборувате на бебето на повеќе јазици?

Според најново истражување, бебињата што се пораснати во двојазична средина имаат способност да развијат суштински когнитивни вештини, како што се донесување одлуки и решавање проблеми, пред да почнат да зборуваат.

За едно истражување од Универзитетот во Вашингтон биле тестирани 16 бебиња. Половина од нив се од семејствата што зборуваат на англиски јазик, а другата половина се од семејства што зборуваат на англиски и на шпански јазик.

Научниците следеле како реагираат бебињата на различни звуци користејќи магнетоенцефалографија (МЕГ), која јасно покажува кои делови од мозокот се најактивирани преку електромагнетна активност. Ќе бидете изненадени од резултатот.

Донесување одлуки и решавање проблеми

Мозоците на бебињата што доаѓаат од билингвални семејства се поактивни во сферата што е одговорна за донесување одлуки и решавање проблеми. Бебињата што слушаат два јазика остануваат поприспособливи на странски јазици многу полесно од нивните врсници кои слушаат еден јазик, а исто така нивните мозоци многу подобро и полесно се адаптираат на нови средини.

Овие бебиња имаат поголеми шанси за добар успех во училиште, а тој успех е индикатор за долгорочна среќа. Знаењето повеќе јазици исто така може да го спречи или одложи почетокот на дегенеративни мозочни заболувања, како деменција или Алцхајмерова болест.

Совети за растење билингвално дете

Доколку вашето семејство е билингвално, тогаш пробајте го следниот метод: Еден родител-еден јазик. Одлучете кој родител кој јазик ќе го зборува пред бебето.

Но доколку не зборувате втор јазик, сепак, можете да му овозможите на бебето да слуша повеќе јазици. Секогаш кога ќе готвите странска храна, изговарајте ја со оригиналното име. Гледајте со бебето емисии на странски јазик. Зборувајте пред вашето бебе со некој што знае друг јазик.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top