Тој збор е синоним на мајчинството како темните кругови под очите.

Збор што оди рака под рака со долгите денови, исто како рачето на вашето дете кое ја држи вашата рака додека поминувате преку улица.

Збор што постојано се повторува во групите на мајки, кога зборувате за поминатите денови во воспитување на вашите малечки.

Зборот е „непоколеблив“.

Да објаснам.

Непоколебливо давање

Кога станувате мајка, одненадеж почнувате да живеете за некој друг. Сè уште сте вие, се разбира, но нов живот зависи од вас. Затоа се предавате, на секој можен начин. А потоа, пред да станете свесни, годините поминале, а давањето не престанало. Понекогаш имате чувство дека ќе се скршите од преголема посветеност. Трошење на сон, енергија, давање на себеси, давање разум, давање, давање, давање. Давањето преминува во ваша природна состојба, како дел од семејство. И го правите тоа, затоа што…

И љубовта е непоколеблива

Љубовта што ја имате за вашите деца, кои прераснуваат во мали луѓе, а потоа и во големи, е бескрајна. Тоа е трајна љубов. Толку голема и моќна, што никогаш не можете ниту да ја разберете. Ве збунува, но и ви дава сила да продолжите понатаму. Да го дадете сето она што го имате од себе. Непоколеблива е.

Непоколеблива грижа

Потоа, поради непоколебливата љубов што ја чувствуваме за нашите деца, доаѓаат и грижата и вината. Понекогаш знаеме дека ова е лудо, дека тие секако ќе пораснат, без разлика колку и да мислиме дека пропуштаме, а понекогаш е и длабока интуиција која ни кажува дека нешто не е во ред. Тогаш мора да преземеме нешто. Да ја промениме ситуацијата. Да им помогнеме. Да ги заштитиме. Без разлика дали е добро или лошо, грижата и вината се исто така непоколебливи.

Непоколеблива радост

Но, колку што се константни грижата и вината, толку се и моментите на радост!

Моменти кои се толку скапоцени и убави што мислите дека срцето ќе ви експлодира. Кога малечко тело ќе се спои до вас во креветот и заедно ќе спиете, со задоволна насмевка на вашето лице. Или кога вашето малечко ќе набере цвет за вас, а вие посакувате да имате фотографија од тој момент што ќе го вреднувате засекогаш.

Радоста е како водопад. Продолжува да доаѓа кон вас. И понекогаш ве соборува. Така што, да, мајчинството е непоколебливо, давање без крај, љубов и солзи, но можеби таму лежи целата магија? Бидејќи не се откажува.

Автор: Лана Халовис



912

X