Не е убаво да се растура и да се земаат туѓи работи без прашање. Замислете, Зази и Зина не знаат да играат фудбал! Не знаеја ни да си ги мијат рацете и лицето правилно, но…

Досега Биби и Боби ја посетија планетата Заз и ги открија нејзините тајни. Но, време е и нивните миленичиња Зази и Зина да научат нешто повеќе за Земјата, да се запознаат со животот и навиките на луѓето.

Во новата сказна „Зази, Зина и планетата Земја“, која можете да ја проследите на јутјуб-каналот на Биби, гостите на Биби и Боби се малку и збунети зашто многу работи што ќе ги научат на нашата планета се нови.

Откријте повеќе во новата сказна што ја режира Никола Чикос, по сценарио на Билјана Црвенковска. Улогите ги поделија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.

 



912

X