Престојот на свеж воздух во голема мера го намалува ризикот од појава на кратковидост кај децата. Сончевите зраци го спречуваат искривувањето на очното јаболко, со што се спречува и ризикот од појава на оваа очна маана, тврдат австралиските истражувачи од Сиднеј, по објавеното истражување.

Тие го споредиле видот на две групи седумгодишни деца, од кои едната група била од Австралија, а другата од Кина. Децата имале приближно исти навики за гледање телевизија и играње компјутерски игри, но затоа, пак, децата од Австралија секој ден поминувале по два часа надвор на сонце. Само оваа разлика во однесувањето покажала дека децата од Кина се кратковиди за десет пати повеќе од другите, бидејќи живеат во затворен простор.

Потврдено е дека кратковидоста кај децата најчесто настанува поради претерано гледање телевизија, користење компјутер од многу малечки, како и читањето и цртањето под електрично светло.



912

X