Родители, сигурно сте изморени од постојаното прескокнување на играчките на подот. Не сте сами. Особено во текот на распустите или празниците, нивото на толеранција е намалено во врска со ова прашање. Други родители што ја делат оваа фрустрација дошле до одлична идеја за да ги вклучат децата во собирањето на играчките и поставување на нивното место. Идејата е „Носење на играчките в затвор“. Се разбира, играчките може да се невини жртви на вашите деца, но верувајте, оваа техника им помага на сите.

 

„Затворот за играчки“ е токму она што звучи: место каде што играчките кои биле оставени некаде се затвораат и се тргаат настрана од дофатот на малите „престапници“. „Затворот за играчки“ објавен од корисничка на „Инстаграм“ ја покажува нејзината верзија од идејата за нејзиното семејство.

Правилата се сосема јасни: „Ги остави играчките. Јас ги подигнав. Јас ги имам твоите предмети. Немаш среќа. За да ги земеш назад, мора да завршиш одредена задача и повторно ќе бидат твои“.

Со други зборови, задачата е детето да ја плати „условната“ казна за да ги ослободи играчките. Родителите имаат различни начини на кои ја имплементираат оваа идеја. Една мајка има голем сад полн со плика во кои има одредени задачи. Детето што ги оставило играчките расфрлени, треба да избере едно од нив и да заврши некоја од задачите. Ако не им се допаѓа задачата, децата немаат право да ја заменат. Други родители, пак, навистина го присвоиле овој концепт и можеби премногу се забавуваат креирајќи „совршен затвор“ за играчките. Создаваат неверојатни дизајни на кои може да им позавидат и оние што се занимаваат со тоа.

 

 

View this post on Instagram

 

The hulk is no match for this toy jail! #customorder #woodwork #toyjail #pickupyourtoys #customwork #myjob❤️ #rustic #lockemup

A post shared by KsDesigns (@ksawyerdesigns) on

Тоа значи – ако ви е смачено од тоа постојано да стапнувате на играчки, ова е начинот на кој ќе го спречите тоа. Освен тоа, и децата ќе научат и ќе применуваат одлични нови навики.

Автор: Мери Роситер



912

X