Игротека

Заспивање бебе за неколку секунди – трик на еден татко

Сите родители користат различни трикови за да ги заспијат своите деца. Им пеат, им читаат приказни, ги нишаат, ги возат во автомобил, им пуштат бели звуци… За жал, сите тие трикови понекогаш не успеваат, а на родителите им преостанува само да се надеваат дека нивното нервозно бебе ќе се предаде и ќе заспие.

Еден исцрпен татко, Остин Мајлс Гетер од Далас, открива уште еден генијален и малку неверојатен трик за заспивање на бебето, кој го сподели на својот фејсбук-профил.

На снимката се гледа како ја ниша својата ќерка Чарли, за која вели дека знае дека ѝ се спие, иако на прв поглед не изгледа така.

– Еве сме, таа постојано плаче бидејќи морам да менувам позиции, но знам дека ѝ се спие – вели тој.

– Имам слушнато дека бебињата заспиваат ако нежно им ги допрете веѓите, па ќе го пробам тоа – вели Остин.

Голем број интернет-корисници коментираа под видеото дека и тие го пробале трикот и дека им успеал.

За неколку секунди очиња ѝ се затвораат и таа заспива.


Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top