Во текот на шест недели леунство ќе забележите засилено потење и бранови жештини. Тоа е природен процес со кој телото се приспособува на новите услови по завршувањето на бременоста.

Во првите денови по породувањето од организмот на родилката се излачуваат поголеми количини насобрани течности, затоа е и логично засиленото потење. Жената во овој период може да изгуби и до пет килограми, а потењето уште повеќе придонесува за тоа. Затоа, ако сте вознемирени поради невообичаено засиленото потење во текот на леунството, не заборавајте дека тоа е добар начин да се вратите на старата „линија“ и затоа радувајте се на овој процес наместо да очајувате. Наскоро сè ќе биде како пред бременоста. Но, за разлика од ова потење за кое ја знаеме причината, една од дваесет жени во текот на животот се соочува со хиперхидроза – нарушување при кое енормно е зголемено потењето и за кое е потребна стручна помош од дерматолог.

Не треба да се спречи процесот, туку непријатниот мирис

Она што треба да се спречи не е самиот процес на потење, туку непријатниот мирис кој настанува како последица. Имено, апокрините (мирисните) жлезди кои се сместени во пазувите, околу анусот и половиот орган и околу брадавиците на градите излачуваат пот која содржи протеини и јаглехидрати, а непријатниот мирис настанува како резултат од дејството на бактериите на површината на кожата. Ако сакате целиот ден да се чувствувате свежо, еве неколку совети:

* туширајте се почесто;
* користите лесна облека од природни материјали;
* отстранете ги влакненцата на пазувите и одржувајте ги суви за да спречите развој на бактерии. За ова помага користењето пудра или влошки за пазуви кои ја штитат облеката од потта;
* добро е повремено да ги измиете пазувите со студена вода и да ги истриете со парче лимон;
* користете дезинфекциски влажни марамчиња кога немате можност да ги измиете пазувите;
* не носете постојано исти чевли и ако имате можност, користете отворени чевли или почесто менувајте ја влошката во чевлите. Носете чорапи од природни влакна;
* ако нозете засилено ви се потат, направете 10-минутна бања за нозе од 3 шолјички јаболков оцет (или малку лимонова киселина) на 3 литри топла вода. Откако ќе ги исушите, ставете пудра;
* постојано со себе носете пудра за нозе;
* исфрлете го или намалете го внесот на кофеин, никотин и алкохол;
* јадете немрсни, помалку калорични оброци, а повеќе овошје и зеленчук;
* намалете го внесот на колачи и газирани пијалаци и пијте доволно вода;
* внимавајте со храната да внесувате и доволно сол, која се излачува од организмот преку потењето;
* избегнувајте студени пијалаци бидејќи го засилуваат потењето;
* пијте повеќе топли и млаки пијалаци.

 



912

X