Воспитување

Бакнежи зашиени на ракав за детето да се чувствува подобро

Тргнувањето на училиште по долга пауза може да биде навистина тежок предизвик за децата. Кет Гарнет пронашла креативен начин на својот син да му ги олесни овие моменти.

Таа сошила бакнежи на ракавот од џемперот на детето за да се чувствува подобро во училницата.

Како и сите мали деца – и петгодишниот Дејви тргнал на училиште. За да му биде полесно, мајката му зашила бакнежи на ракавот. Доколку е тажен и го посака своето семејство, секогаш може да го погледне ракавот и да испрати бакнежи дома. Така ќе му биде полесно да се справи со промената.

– Му објаснив дека ако му недостигаме, може да ги бакне или погали бакнежите на џемперот, па така нам ќе ни испрати бакнеж – додала таа.

Овој креативен трик на мајката успеал, бидејќи по враќањето од училиште, момчето ги прашувало родителите дали ги почувствувале бакнежите и прегратките.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top