Бреана Стронг организирала роденденска забава за нејзината тригодишна ќерка Ејвери и видеото го објавила на „Тик Ток“. Но, наместо сцени со разиграни деца, сцените што таа ги споделила се потресни.

„Барем да измислував“, пишува покрај видеото на „Тик-ток“ во кое оваа мајка ја споделила тажната приказна со јавноста. Бреана поканила 27 деца на забавата, а апсолутно никој не дошол. „Ги потрошив времето и парите. Срцето ми е скршено затоа што сум тажна и во моментов сакам само да ги прегрнам моите деца“, напиша таа во видеото.

Многу родители ја поддржале Бреана во коментарите, а некои дури споделиле и слични искуства:

„Веќе не го славиме роденденот на детето. Наместо тоа, целиот буџет што би го потрошиле на забавата го трошиме на желбата на детето“, напишал некој корисник во коментар.

„Доколку дете го покани мојот син на неговата роденденска забава, единствената причина зошто нема да дојде ќе биде ако славеникот е насилник“, додала една мајка.

„Многу ми е жал! Сигурно била тажна! Следниот пат извести ме, ќе дојдеме на нејзиниот роденден“, напишал друг корисник.

Набргу потоа, Бреана одговорила и им даде до знаење дека Ејвери не е тажна и дека се забавувала и покрај околностите: „Се забавуваше. Само мене тоа многу ме растажи“, објаснила повредената мајка.

@breannamstrong I wish I was making this up. #noshow #birthdayparty #fyp #trending #sahm #makefriends ♬ Get You The Moon – Kina

Извор



912

X