Здравје

Заразени со морбили и три деца болни од рак

Три деца болни од рак се заразени со мали сипаници, морбили. Нивната состојба е стабилна и под контрола. Со морбили се заразени и четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник од детската клиника.

Од Комисијата за заразни болести советуваат здравствените работници да се вакцинираат доколку не се заштитени со вакцина или не го знаат својот вакцинален статус.
– Oд вчера имаме 2 нови случаи на деца со морбили на Клиниката за детски болести, од хемато-онколошкото одделение. Нивната состојба е стабилна и под контрола. Претходно имавме едно дете, кое е пуштено на домашно лекување и е здраво. Во текот на ноќта нивната состојба будно беше следена од лекарскиот тим и сите деца се соодветно третирани – изјави д-р Катарина Ставриќ, директор на клиниката.

Д-р Катерина Ставриќ и д-р Милена Стевановиќ, Фото: Министерство за здравство

Во моментов на Клиниката за инфективни болести има 20 пациенти со потешка клиничка слика.
– Бројот од 4.200 вакцинирани од почетокот на епидемијата од морбили зборува дека граѓаните ја сфатиле сериозноста на препораките од Комисијата за заразни болести. Напоменувам дека бројот на вакцинирани со МРП-вакцина треба да е барем двојно поголем. Колку е помал бројот на заболени, толку е помал и ризикот од несакани последици и компликации – изјави д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиника за инфективни болести.

Инаку, за 624-те вакцини со погрешни декларации Агенцијата за лекови донесе решение да бидат уништени.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top