Пет деца од градинка во Радишани се заразени со морбили, мали сипаници, потврдуваат од Министерството за здравство. Комисијата за заразни болести при Министерството заседава за настаната ситуација. Во очекување на одлуката од Комисијата, министерот за здравство Венко Филипче рече дека најверојатно градинката ќе биде затворена, а препораката до родителите на децата што не се заразени ќе биде децата да останат дома.

Н.Б.З.



912

X