Има само девет години, а веќе е студент. Основно училиште завршил за две години, а средно за една и пол година.

Неговиот ум е генијален. 9-годишниот Лоран Симон од Белгија е најинтелигентното дете во Европа. Измерен му е максимален коефициент на интелигенција.

За тоа што подготвува за иднината, не кажува никому. Вели дека светот тоа не би го разбрал, ќе му се смеат. Како што би му се смееле ако им кажел дека на 9 години ќе се запише на факултет. И токму тоа го направи.

Не само што студира на три универзитети, туку автор на научни книги го замоли одново да му го напише првото поглавје. Екипата на хрватската ТВ „Нова“ отишла во Амстердам за да го запознае ова фасцинантно момче чие име светот сигурно ќе го запамети.



912

X