Образование

Запознајте го Данило – малиот гениј кој решава сложена задача за помалку од 1 минута

Момчето Данило Крајновиќ е дете кое оди во училиштето „Малиот гениј“ во Нови Сад, Србија, а на нивната фејсбук-страница е објавено видео на кое ова момче за нешто повеќе од една минута пресметува 4-ти корен.

Корисниците во коментарите ја искажуваат својата фасцинираност од методот и брзината со која Данило решава толку сложена задача.

-„Браво!“, напишале многумина, а една корисничка се збунила, па напишала: „Браво, секоја чест. Немам поим за што зборува генијот“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top