Луѓето родени во септември обично се успешни на училиште, сакаат спорт и живеат подолго. Нивниот хороскопски знак е девица или вага, а еве и по кои други карактеристики се препознаваат децата родени во септември.
Успешни се на училиште
Науката покажала дека бебињата родени во септември обично многу рано достигнуваат одредени „скалила“ во развојот. Исто така, тие се, според студиите, за 20 отсто поуспешни на училиште во споредба со децата родени во другите месеци.
Имаат и „маани“
Според некои студии, лицата родени во септември се помалку склони кон депресија, но затоа, пак, се често нервозни.
Повисоки од другите
Децата родени кон крајот на летото или почетокот на есента обично се повисоки од другите. Како можна причина се наведува тоа што мајките пред породувањето, во текот на летото, се изложени на сонце, односно на витаминот Д.
Сакаат спорт
Децата родени наесен се поуспешни во спортот од другите, физички се поспособни, а тоа го покажале низа студии.
Имаат поцврсти коски
Науката докажала дека децата родени на крајот од летото или почетокот на есента имаат погусти, а со самото тоа и поцврсти коски.
Често се родени порано
Според некои научни податоци, бебињата родени наесен или назима во просек остануваат во стомакот на мајката недела дена пократко отколку децата родени напролет или налето.
Склони се на астма и алергии
Експертите велат дека децата родени наесен имаат помеѓу 30 и 90 отсто поголем ризик за развој на алергии на млеко, јајца, кикиритки. Студија покажала и дека децата родени наесен се за 30 отсто посклони за развој на астма.
Живеат подолго
Одлична вест за сите родени во септември – имате големи шанси да доживеете 100 години, барем според истражувањата. Откако биле испитани 1.500 луѓе што ја доживеала 100-тата година, научниците од Универзитетот во Чикаго заклучиле дека повеќето од нив се родени во есен. Тие објаснуваат дека овие луѓе можеби живеат подолго бидејќи се рано изложени на сезонски инфекции, со што се јакне нивниот имунитет.