Едноставна математичка задача предизвика бура од коментари на социјалните мрежи бидејќи никој со сигурност не можеше да каже кој е во право: ученикот или наставничката?

Дека секој може да биде збунет од едноставни математички задачи покажува и примерот на училишна задача која се појави на социјалните мрежи.

Имено, на учениците им била поставена следнава задача:

„Ана прочита една приказна, а Петар три приказни повеќе од неа.

Колку приказни прочитале Ана и Петар заедно?“

Ученикот одговорил дека Ана и Петар прочитале вкупно пет приказни, но во фејсбук-коментарите стои дека наставничката го поправила ученикот, го пречкртала неговиот одговор и напишала дека прочитале вкупно 4 приказни.

Бидејќи сите беа збунети од оваа задача и додаденото решение, математичкото здружение „Архимед“ го кажа точниот одговор.

– Детето е во право, точниот одговор е пет книги. Сепак, може да е печатна грешка. Не знаеме дали станува збор за контролна задача или пократка вежба – наведуваат од „Архимед“.

Истото го потврди и едно белградско основно училиште, наведувајќи дека ученикот бил во право, но морал постепено да ја решава задачата, прво колку книги прочитал Петар, а потоа да го собере бројот на прочитани книги од Петар и Ана.

Во секој случај, ученикот е во право, а засега не се знае дали неговиот одговор бил поправен од наставничката.

Што мислите, кој е точниот одговор?

Извор



912

X