До првата година од животот, кога децата само се навикнуваат на основните вкусови на храната, не е неопходно да се додаваат зачини, па дури и сол. Со возраста, децата веќе се навикнати на разновидна храна. Научиле да јадат, да препознаваат вкусови, па тогаш во ред е во јадењата да се додаваат зачини како сол и бибер, но не треба да се претерува со солта за да не се создаде желба за солена храна кај децата. Треба да се внимава и со лутите зачини, како бибер, пиперка, за да не биде премногу луто и да не предизвика иритација на дигестивниот систем. Билките се добредојдени, особено ако се од градината на вашата мајка или баба како засилувач на вкусот, а количината на сол ја намалуваме со билки.

Најзастапени билки се магдоносот, копарот и власецот, кои може да се додадат во свежо сирење или други намази како хумус и слично, а потоа и супата од копар или магдонос е лесна и вкусна за децата. Незаменливи летни зачини се босилекот и ориганото кои се додаваат во летните салати, јадењата со домати, пиците и слично. Циметот е зачин кој можете да го додадете во житарици или да го ставите во колач.

Задолжително воведувајте ги сите видови билки постепено и не претерувајте со ниту една од нив, бидејќи тие се само додатоци во храната за јадењето да биде комплетно.

Житарици без глутен

Просото е житарица која не содржи глутен и затоа е доста интересна. Може да се користи како прилог со месо, за супа или во колачи, секоја комбинација е одлична, а просото освен вредни јаглехидрати содржи и манган и фосфор за здравјето на детските коски.

Дали децата имаат корист од исхраната без глутен?

Бунгурот е груба интегрална пченица. Може да биде и прилог, од неа се прави најпознатата табули-салата, а можете да направите и вегетаријански хамбургер за деца.

Веганска плескавица

Состојки: 1/2 шолја бунгур, 1 шолја вода, 425 г варен грав, 1/2 шолја рендано сирење, 1/2 шолја рендан морков, 1/2 лажичка сол, лук по желба, кромид по желба, 1 лажица масло.

Подготовка:

-Бунгурот се става во вода, се загрева до вриење и се остава десет минути.

-Изладете го бунгурот откако ќе се свари.

-Сварениот грав сомелете го.

-Во гравот се додаваат бунгурот, сирењето, морковите и зачините и се мешаат состојките во миксер.

-Формирајте плескавици.

-Загрејте една лажица масло и печете на загреана тава или ставете на мрсна хартија и печете во рерна на 180 степени.

-Послужете со сите состојки за хамбургерот.

Автор: Мирна Трумбеташ/ нутриционист

Извор



912

X