Норвешка дефинитивно реши да ја исчисти наставата од технологија и да ги врати децата на основите. Премиерот Јонас Гар Стере најави дека со почетокот на новата учебна година се воведува целосна забрана за генеративна вештачка интелигенција за децата од прво до седмо одделение (од 6 до 13 години).
Логиката на норвешката влада е едноставна: со помош на вештачката интелигенција децата ги прескокнуваат најважните чекори во учењето. Како што вели премиерот, поентата на училиштето е децата прво да научат самите да читаат, пишуваат и да решаваат математика.
Како ќе функционираат новите правила на терен?
- Од 6 до 13 години (основци): Комплетна забрана. Нема „Чет-ГПТ“, генеративни алатки или каква било друга вештачка интелигенција на часовите.
- Тинејџери од 14 до 16 години: Можат да користат вештачка интелигенција, но под надзор на наставникот.
- Среднoшколци над 17 години: За нив нема забрани, туку се поттикнуваат да ги користат алатките на вештачката интелигенција паметно и одговорно.
Телефоните веќе ги нема, а резултатите се луди!
Ова не е прв ваков потег на Норвешка. Земјата веќе ги забрани паметните телефони во училиштата, а една голема студија покажа дека тоа донело неверојатни резултати:
- Врсничкото насилство (булинг) низ школите сериозно опаднало.
- Оценките на учениците тргнале нагоре.
- Посетите кај психолог се намалиле за дури 60 %, што е огромен плус за менталното здравје.
Што е следно на нивната радар-листа?
Норвешка планира уште посилни реформи за заштита на младите:
- Блокада за социјални мрежи под 16 години: Се подготвува закон со кој целосно ќе им се забрани пристапот до социјалните мрежи на сите помлади од 16 години (слично како она што веќе го направи Австралија).
- Глобален притисок: Велика Британија и неколку земји од ЕУ веќе размислуваат за исти рестрикции, додека во САД се бара забрана за „ВИ придружници“ (чет-ботови на вештачка интелигенција кои симулираат пријателство со деца).
Предизвикот: Јасно е дека децата пак ќе можат да дојдат во допир со вештачка интелигенција кога ќе си дојдат дома, ама Норвешка верува дека училницата е совршено место каде што мора да се постави граница и да се врати фокусот на вистинското знаење.