На многумина им изгледа дека децата денес се поинаку воспитани и дека некои манири на кои се учени претходните генерации едноставно се искоренети, па родителите од новите генерации немаат којзнае што да пренесат. Ова се заборавени манири на кои секој родител треба да го научи своето дете.
1. Јадете со затворена уста
Некои од нас веќе ја имаат пред очи бабата која ни вика дека со полна уста не се зборува. На детето можеби му е природно да џвака со отворена уста, но затоа родителите се тие што треба да го научат дека тоа не е во ред и да го поправат таквото однесување.
2. Извини
Постојат многу ситуации во кои можете да се најдете и да направите нешто што не е во ред. Доколку налетате на некој во поминување и случајно го згазнете или удрите, задолжително е да се извините.
3. Отворање врата
Важно е не само да ги научите децата некому да ја отворат вратата, туку и да се свртат и да погледнат дали некој оди зад нив и дали треба да ја задржат вратата.
4. Да не се зборува со полна уста
Ова оди рамо до рамо со џвакањето со полна уста. Прво џвакајте ја и проголтајте ја храната, а потоа разговарајте. Инаку многумина ќе ве сметаат за некултурни.
5. Држете ја салфетката во вашиот скут
Послушајте ги родителите и држете ја салфетката во скутот каде што ќе ви биде на дофат на рацете кога ќе треба да ја избришете устата или рацете.
6. Лактите на маса
На лактите, на телефонот, на играчките – никогаш не им е место на маса.
7. Извинете се ако станувате од масата
Во прашање се манири кои важат додека трае оброкот. Извинете се кога станувате од масата ако другите сè уште јадат.
8. Кажете „ве/те молам“ и „благодарам“
Еден од манирите што најчесто ги забораваме е да кажеме „ве/те молам“ кога сакаме нешто и „благодарам“ кога тоа ќе го добиеме. Научете ги децата дека од „ве/те молам“ и „благодарам“ никогаш не е доста.