Кога станува збор за спречување на настинката или грипот, повеќето луѓе се држат до советите добиени од своите родители и подоцна им ги пренесуваат на своите деца.
Новото истражување на Детската болница Ц.С. Мот во Мичиген, спроведено кај 1.000 родители што имале деца на возраст од 5 до 12 години, покажало дека барем 7 од 10 родители користат стратегии што немаат научна основа – како што е советот да не се излегува со водена коса.

Родителите исто така користат методи што ги поддржува науката, како што се советите за миење раце и одржување на личната хигиена, чистење на куќата, но дури 70 проценти од нив веруваат во „народните совети“, додека 51 процент се потпираат на мултивитамините и сумплементите, за кои не е докажано дека ја спречуваат настинката кај децата.

Еве некои од стратегиите што ги применуваат:

„Ќе се разболиш ако излезеш со водена коса“

Вистината е дека ако излезете надвор со водена коса нема да настинете. За да се заразите со грип, треба да бидете изложени на вирусот. Иако ќе ви биде студено поради водената коса, тоа нема да привлече вируси, ниту пак ве прави подложни на зарази.

„Студениот воздух предизвикува настинки“

Иако студеното време се совпаѓа со сезоната на грип, тоа не значи дека едното го предизвикува другото. Експертите велат дека нема да се разболиме од студеното време, поважно е она што го правиме кога ќе застуди.

– Кога е ладно, сите ние сме во затворен простор, често блиску до заразени луѓе. Киваме едни на други – вели д-р Сорана Сегал Маурер, шеф на одделот за инфективни болести од болницата „Квинс“ во Њујорк.

„Витамините и суплементите ја спречуваат настинката“

Децата што се здрави и се хранат здраво немаат потреба од дополнителни витамини, велат експертите.
– Никогаш не е докажано дека има ефект врз превенцијата, па родителите можат да заштедат. Сите ние се сеќаваме на времето кога мултивитамините помагаа, но никој не се сеќава на времето кога не помагаа – истакна д-р Мајкл Русо, специјализиран за инфективни болести во Детската болница во Филаделфија.

 



912

X