Сара Карпентер, експерт за детскиот сон, заедно со новинарката Кет Куби ги открива најчестите митови во кои родителите веруваат кога станува збор за спиењето на бебето.

Ова се најчестите.

Уморно бебе ќе спие подобро

Ова е најголемиот мит поврзан со спиењето на бебето.

– Колку се поуморни бебињата, толку повеќе се борат со сонот. А кога ќе го ставите да спие, тоа повеќе ќе плаче – вели Кет, која е и мајка на две деца. Тоа значи и дека бебето нема долго да спие.

Постојат неколку клучни знаци на кои треба да внимавате, а кои покажуваат дека вашето бебе е уморно. Тоа е борбата против спиењето и дремките, но и ако вашето бебе е нервозно или ако лесно заспива додека го храните или додека се возите во автомобил. Сите тие знаци покажуваат дека вашето бебе е многу уморно.

Никогаш не будете го бебето додека спие

Ако бебето спиело добро цела ноќ, родителите не би требало да го остават да спие долго во текот на денот. Тоа би значело дека треба да го разбудите за да го нахраните. За да спие долго и добро навечер, бебето треба да го има сето она што му е потребно.

Важна е рутината. Бебето треба да се буди во одредено време за да се спречи долг сон во текот на денот кој ќе биде пречка за спиењето навечер.

Постојано плаче, но ќе го надмине тоа

Според експертите, бебињата имаат незрел дигестивен систем и може да им е потребно извесно време на нивните мали тела за да се навикнат.

– Доколку вашето бебе е нервозно, често се буди и имате чувство дека нешто го боли, особено за време и по хранењето, посетете лекар бидејќи тоа може да е рефлукс или алергија – советуваат Сара и Кет.

Немојте да мислите дека вашето бебе плаче затоа што сака да плаче или дека плаче без причина.

Во повеќето случаи постои објаснување за плачењето на бебето. Водете дневник за да сфатите кога и зошто плаче вашето бебе.

Извор



912

X