Децата поставуваат илјадници прашања. Но, сега вие можете да се ставите на нивно место. Ви нудиме забавни предлози со кои можете да почнете разговор со вашето дете.

Децата поставуваат многу прашања. Понекогаш прашањата се повторуваат, а поголемиот дел од нив сме ги одговориле многу пати. И да бидеме искрени, честопати ги игнорираме или превртуваме очи без да не видат нашите деца. Истражувањата покажуваат дека младите деца поставуваат повеќе од 300 прашања секој ден, така што сигурно дека од нас не се очекува да ги одговориме сите. Но, науката вели дека децата треба да бидат охрабрени да прашуваат повеќе прашања. Зошто? Затоа што кога ќе го одговорите прашањето на вашето дете, му помагате да го одржува умот отворен.

Важно е да им дадеме до знаење дека имагинацијата е нешто прекрасно, како и желбата да знаат повеќе, а можеме и да им помогнеме да го реализираат ова не само со одговарање на нивните прашања, туку и ние да им поставуваме прашања колку што е можно повеќе. После сѐ, научно е докажано дека децата ги имитираат зборовите, рутините и однесувањето на своите родители.

Имајте ги предвид овие прашања кога разговарате со вашето дете:

1. За што сакаш да мечтаеш?
2. Што те прави среќен/а?
3. Што планирате со твоите пријатели?
4. Ако можеш да направиш нешто сега, што би направил/а?
5. За што едвај чекаш кога ќе се разбудиш?
6. Дали некогаш размислуваш да ги преименуваш боите на твоите боици?
7. Кој лик најмногу те смее?
8. Ако би отворил/а продавница, што би продавал/а?
9. Кое е твоето суперхеројско име и кои моќи ги имаш?
10. На плажа си. Што е првото нешто што ќе го направиш?
11. Ако можеш нешто да посадиш и одгледуваш во дворот, што би било тоа?
12. Што те прави да се чувствуваш храбро?
13. Што те прави да се чувствуваш сакано?
14. Како им покажуваш на луѓето дека се грижиш за нив?
15. Што чувствуваш кога ќе те прегрнам?
16. Ако твоето кадифено мече може да зборува, што би кажало?
17. Ако дадеш 100 долари за хуманитарни цели, кого би го избрал?
18. Како би дизајнирал/а куќичка на дрво?
19. Што уживаш да им даваш на луѓето?
20. Дали се насмеа денес?
21. Ако би напишал/а книга, за што би била?
22. Ако нацрташ сѐ што ќе ти дојде на памет, што би нацртал сега?
23. Ако би дизајнирал/а облека, како би изгледала?
24. Како најдобро би им помогнал на другите?
25. Преправај се дека си готвач – кажи ми за ресторанот. Каква храна би служел?
26. Што мислиш дека вечерва ќе сонуваш?
27. Што те прави да се чувствуваш благодарен/а?
28. Каде би сакал/а да патуваш? Како би стигнал/а таму?
29. Кои звуци ги сакаш?
30. Ако направиш пештера во шумата, што би имало внатре?
31. Ако можеш да му поставиш прашање на диво животно, што би го прашала?
32. Ако си надвор цел ден, што би правел/а?
33. Ако си во претстава, кој лик би го играл/а?
34. Како мислиш дека комуницираат животните?
35. Кои се најдобрите работи во врска со природата?
36. Ако си фотограф на еден ден, што би фотографирал?
37. Кој спомен те прави среќен/а?
38. Што те нервира?
39. Опиши одличен ден.
40. Кое животно би било одличен возач?
41. Зошто твоите пријатели се супер?
42. Зошто ти си супер?
43. Дали мислиш дека е забавно да учиш друг јазик?
44. Кои три работи би сакал/а да ги направиш ова лето?
45. Ако имаш пријатели низ цел свет, како би одржувал/а контакт?
45. Ако имаш милениче змеј, како би го именувал/а?
46. Што би правеле заедно?
47. Ако би бил/а наставник/чка и ако би можел/а да ги научиш учениците на нешто, на што би ги научил/а?
48. Кој ти е омилен лик од приказните?
49. Ако на членовите на твоето семејството треба да им дадеш нови имиња, кои би биле тие?
50. Ако ти дадат да ги измислиш правилата дома, кои би биле тие?

Автор: Ерин Маги



912

X