Кога имате повеќе од едно дете што се вознемирени во исто време, можете да ја смирите ситуацијата ако ги практикувате следните семејни игри за поврзување. Кога во моето семејство некој ќе забележи дека колективното расположение е намалено, веднаш почнуваме да играме некоја од омилените семејни игри.

Интересно е што секогаш бараме нови игри за да ни биде уште позабавно.

1. Имитација

Децата ја обожаваат оваа игра. Сите се собираме, а првата личност прави нешто диво и лудо со своето тело – на пример, 10 скокања, правење „стој на раце“ спроти ѕид, правење смешни гримаси или нешто друго. Потоа таа личност вели: „Можете ли да го направите ова?“ и сите се обидуваат да имитираат. Интересно е што оваа игра ги тера сите да се приклучат и да обрнуваат внимание еден на друг.

2. Направи круг

Сите треба да седнете во круг свртени еден кон друг. Првата личност поставува прашање, на пример „Кое е едно нешто за кое сте благодарни?“ или „Која е најлошата работа за јадење во целиот свет?“, па сите еден по еден го одговараат прашањето. Кога сите ќе го одговорат, следната личност поставува прашање. Со ова се охрабруваат сите да седнат и да се слушаат меѓусебно. Играта помага во поврзувањето на семејството и подобрувањето на расположението.

3. Трчај кон креветот

Двајца возрасни, 9-годишно и 4-годишно дете и бебе се стиснати заедно во еден голем кревет, а сето тоа предизвикува сите да се кикотаат. Ова може да го нарекувате „Семејно време за галење“. Откако ќе заврши смеењето, настапуваат длабоките воздишки и поврзување меѓу членовите на семејството.

4. Изненадувајте се едни со други

За оваа игра ги насочувате двете дланки, затворени во тупаници, кон едно дете и велите: „Избери една“. Кога детето ќе допре една тупаница, вие ја превртувате раката за детето да може да ја отвори. Кога ќе го стори тоа, вие велите „Ова е…“ и потоа правите нешто што ќе го изненади, како прегратка, бакнеж или нешто слично. Ова секогаш има позитивна реакција. Ова се неколку од омилените изненадувања за оваа игра: прегратка, бакнеж, скокоткање, расипување на фризурата, масажа, ескимски бакнеж, бакнеж-пеперутка, допир со тупаница, „да пукне“. Бидете креативни и смислете нешто и самите. И вашето дете може пријатно да ве изненади.

5. Друштвени игри и игри со карти

Играњето игри со карти и табла е одличен начин за поврзување на семејството, па иако многу од фамилијарните игри одземаат повеќе време, сега можете да си го дозволите тоа.

Извор



912

X