Ако вашето дете од претшколска возраст обожава предмети со тркала и сака да си игра со играчка воз или автомобил, тогаш следуваат низа паметни и лесни идеи за игра, кои се комбинација од креативност и транспорт со многу бои и забава.

1. Учење букви со автомобили

Совршена активност за малите автоентузијасти во вашето семејство. Наредете ги буквите на паркинг-местата, а по една буква залепете на секој автомобил. Можете да ги замените буквите за да му помогнете на детето да користи и други зборови. Едноставно и ефективно.

2. Креирање железница

Идејата е на блогер, а се состои од начини за креирање сцена од железница и возови, кои детето може да ги уредува по своја желба за да создаде нешто разнобојно и креативно.

3. Создавање картонски пат

Картонска кутија може да се пренамени во 3Д-креација, на пример, за сместување на автомобилите на детето. Или, пак, за создавање патишта кои можете и да ги обоите и да ги поставите каде што сака детето.

4. Создајте мостови и удолници од картон

Со ова ќе поминете повеќе забавни часови. Може да ги спуштате автомобилите по создадените патеки по идеја на детето.

5. Цртање патишта

Користете самолеплива или украсна хартија за да создадете еден мини-град на подот. Одлична активност додека престојувате дома со децата.

6. Патишта од готови ленти

Можете играта и забавата да ја искачите на следно ниво и да купите хартија која има иста боја како асфалт за да изгледа пореалистично. Или купете готови ленти на кои е нацртан пат.

7. Креирајте карго-експрес за деца

Што е позабавно од тоа детето да се вози и да пренесува предмети со свое превозно средство? Ставете ги омилените играчки во неговиот велосипед или креирајте воз од кутии и оставете го детето да се забавува со часови.

Автор: Пип Линколн



912

X