Сакав да споделам активности што соседствата ги прават заедно како заедница. Интересни идеи за забавни активности.

Патека нацртана со креда

Дајте иницијатива заедно со соседите да ја покажете креативноста. Можете заеднички да ги нацртате патеките во вашето маало, да нацртате различни форми или едноставно да ѝ се препуштите на фантазијата и секој да остави свое уметничко дело по желба.

фото: Пинтерест

Има и други идеи – децата на мојот сосед нацртаа пеперутки на тротоарот и оставија знак на кој пишува: „Додајте пеперутка во нашата градина со пеперутки од креда“. Децата не можеа да дочекаат да додадат свои пеперутки. Можно е да се изведе и цртање карта од играта „Монопол“ на тротоар, па можете да ја играте играта во „голема верзија“.

фото: Пинтерест

Неделна роденденска забава на заедницата

Секоја недела заедниците се домаќини на роденденски забави за деца. Тој ден и тој час не се менува. Семејствата доаѓаат до областа каде што има градина или базен, а децата остануваат во автомобилите. Остатокот од соседите поминуваат со автомобилите, свират и извикуваат „Среќен роденден“. Тоа може да го сторат и локалните пожарникари или полицајци – да поминат со сирените и да го поздрават детето што слави роденден.

Обоени камења

Ова е одличен начин да се шири позитивна енергија. Соберете каменчиња (рамни се најдобра опција), земете боја и четкичка. Декорирајте ги камењата со зборови, слики, инспиративни пораки или смешни цртежи. Потоа скријте ги низ соседството, а тоа нека го направат и другите семејства. Ако имате група на „Фејсбук“ од соседството, објавете слика кога ќе го најдете каменот од некое друго семејство.

фото извор: Пинтерест

Неделна потрага

Секоја недела смислете игра која се состои од „ловење и потрага“. Изберете тема – „Броеви, букви, животни“ и сл., а потоа прикачете ги упатствата на прозорец или на врата. Соседите додека се движат низ маалото да ги бараат предметите.

Патека со пречки (нацртани со креда)

Изберете место во соседството и нацртајте големи квадрати. Секој квадрат има одредена задача во него. Можете да додадете и линии помеѓу квадратите и децата да се забавуваат така што ќе одат по линиите или ќе ги прескокнуваат. Примери за задача: Скокај на една нога, Кажи 3 збора што почнуваат на буквата „А“, Оди наназад, Кажи го името на твојот омилен филм итн.

фото: Пинтерест

Потрага по мечето

Ова е интересна, а едноставна активност која носи радост и возбуда кај сите учесници. Сè што треба да направите е да ставите кадифено мече на еден од вашите прозорци свртено кон улицата. Потоа семејствата од соседството, додека се на прошетка, треба да избројат колку такви мечиња има поставено во маалото.

Забава на соседството

Ова е можеби повеќе забава за возрасните. Секој од соседството треба да донесе сè што има (столови, пијалак, грицки итн.). Држете дистанца од повеќе од 2 метра за да бидете безбедни и забавувајте се.

Сафари во соседството

Испратете е-пошта или порака до пријателите во соседството и објаснете им ја активноста. Секој дома нека стави кадифена играчка на прозорец. Исто така, ставете знак дека има и некој интересен факт за животното што го претставува играчката. Можете да ги носите децата на сафари низ соседството за да учат за животните и фактите поврзани со нив.

Библиотека „Продавница за размена“

Ако локалната библиотека е затворена за размена на книги, обидете се со оваа идеја. Можете во соседството да поставите полици и на нив да ставите книги или слични други предмети што сакате да ги разменувате. До книгите може да оставите и дезинфекциско средство за да се одржува хигиената.

Автор: Беки Менсфилд

Извор



912

X