Во забавните паркови ретко има активности и за родителите, па тие најчесто стојат во линија за чекање и трошат пари на грицки и ужина. Но, паркот „Дигерленд САД“ во Њу Џерси буквално нуди забава за целото семејство. Освен што може да се возат мали багери, камиони, машини за поставување асфалт, лизгалки – родителите може да бидат и градежни работници на кои децата ќе им се воодушевуваат.

Според веб-страницата на забавниот парк, децата може да ѝ се приклучат на забавата. Додека индивидуалните возења имаат различни рестрикции, паркот е соодветен за секое дете што е повисоко од 91 сантиметар. Меѓу многуте екстремни опции е возењето багер заедно со вашето дете в скут.

Ова е единствен парк што нуди забава и за возрасните, а поврзувањето со детето и квалитетното време поминато со него се исплати. Бидејќи тоа е единствена таква локација во САД, се размислува за отворање дополнителни вакви паркови.

Автор: Лорен Винопал



912

X