В сабота, 25 јануари, „Блис мол“ ќе биде домаќин на суперфанки настан организиран од тимот на Биби и Боби. 

Во 11:30 часот ќе започне активноста „Менување со сликички“, каде што сите посетители ќе имаат можност да ги донесат своите дупликати и да ги разменат за сликичките што им недостигаат. Ова е одлична можност за сите деца да ги комплетираат своите албуми. 

Во 12:00 часот е главниот дел на програмата – настап на Биби и Боби. Децата и нивните семејства ќе имаат можност да уживаат во песничките од „Светот на Биби“. 

„Локо Кроко”, „Блис мол” и „Светот на Биби” ги покануваат сите мали и големи обожаватели на Биби и Боби да бидат дел од ова незаборавно доживување. Со оваа забава, Биби и Боби ќе донесат уште еден момент на радост и забава за своите најверни обожаватели.



912

X