Зелената боја е одлично креативно опкружување. Се верува дека таа го ублажува стресот и ги забрзува растењето и регенерацијата, но ја подобрува и способноста за читање, па се препорачува при уредувањето на детската соба.

Иако трендовите се менуваат со текот на времето, изборот на бои во ентериерот е како константа. Кога се работи за поединечни простории во ентериерот, одредени бои се попопуларни од другите, и тоа со добра причина. На пример, сината е прилично студена боја и совршено се согласува со речиси сите стилови и дизајни, а најпопуларна е во кујните, дневните и во спалните соби. Во детските простории изборот на боја станува покомплициран. Меѓутоа, како што наведуваат стручњаците, зелените и жолтите нијанси се најдобри почетни точки, а сега ќе ви ги претставиме предностите на прекрасните зелени тонови во детските соби.

Создавање неутрални заднини

Дизајнерите секогаш сугерираат дека е најдобро да се определите за неутрални заднини во детските соби, кои лесно можат да се обликуваат според она што ви е потребно во даден момент. Бидејќи децата многу брзо растат и нивните желби се менуваат, одржувањето една тема подолго време едноставно не е можно. Собите во бела, сива или во некоја пастелна нијанса многу лесно овозможуваат да се промени стилот на собата. Најдобар начин за внесување зелени тонови во ваква релаксирачка поставка е преку акцентни ѕидови. Повторувањето на бојата на акцентниот ѕид со употреба на драперии или постелнини помага да се создаде кохерентен изглед.

Надминување на акцентните ѕидови

Доколку акцентните ѕидови ви изгледаат како премногу едноставна идеја, тогаш може да се определите за детска соба обележана со зелена боја на сите страни. Повторното бојадисување на детската соба претставува комплицирана задача, но резултатот е јасен и доколку вашите деца поминуваат подолго време забавувајќи се, учејќи или играјќи во својата соба, тогаш зелената боја е вистинскиот избор кој ќе им донесе поголема креативност и поведар амбиент. Посветлите нијанси на зелена боја претставуваат попријатен избор кога се употребуваат во поголеми количини, но за тематски простории со тропска инспирација, потемните нијанси исто така се пријатни.

Декор кој додава зелена боја

Доколку повторното бојадисување не е опција за вас, тогаш едноставното додавање декоративни предмети во зелена боја може да обезбеди освежувачка трансформација на просторијата. Плакарот во собата на бебето, кауч во аголот во маслинеста боја, перници во пастелно-зелени тонови можат да бидат вашиот избор во рамките на достапниот буџет, додека парчињата мебел се нешто што претставува идеална почетна точка во секој дизајн. Како и секогаш, повторувањето на зелените нијанси преку вазните, постерите или другите декоративни предмети може да има дополнително стилско влијание.

Природата го поседува она што другите го немаат

Додавањето зеленило во детската просторија преку собни растенија е најпрогресивно решение. Тоа не само што ќе ѝ овозможи органска форма на просторијата и ќе го подобри вкупното ниво на спокој во неа, туку дополнително ќе создаде и многу поздраво животно опкружување. Едноставно, поставете еден вид растение во аголот и ќе станете сведоци на моќта на зелената боја во природен формат и нејзините можности за внесување префинета елеганција во детскиот амбиент.

 

View this post on Instagram

 

#greenkidsroom

A post shared by Красивые интерьеры детских! (@coolkidsroom) on



912

X